речник контакт

Седум години затвор за двајца велешани кои поседувале два кг марихуана

Фета Арифи од Бузалково и Ерџан Хусеин од Велес добија по три и пол години затвор за поседување и дистрибуирање на опојна дрога.

Петар Печков

       Двајца  велешани добија заедно седум години затвор за  поседување на  два килограми марихуана.  Фета Арифи (  41 год) од Бузалково и  Ерџан Хусеин ( 29 год) од Велес добија по три и пол години затвор за  поседување и дистрибуирање на опојна дрога. Двете лица беа фатени на 15 февруари годинава   во заедничка акција на велешката и кочанската полиција. 

Арифи  поседувал поголемо количество марихуана која имал намера да ја продаде поради што стапил во контакт со Хусеин  и се спријателил.  По кратко време му дал 22 идентични пакувања со вкупна тежина од околу два килограма,  за да ја продаде дрогата  му обезбедил и кујнска вага.  За да бидат постојано во контакт му дал мобилен на кој постојано му се јавувал , барајќи да ја продаде дрогата и да му ги исплати парите. 

Не можејќи да го истрпи притисокот Хусеин, стапил во контакт со непознати лица од Кочани и со нив договорил купопродажба на дел од марихуаната. За ова добил илјада денари од Арифи и отпатувал  со автобус со во Кочани. По пат бил  сопрен од полиција а дрогата пронајдена. При извршениот претрес во куќата на Хусеин  се пронајдени 22 пакувања марихуана со тежина од околу два килограма, кои биле добиени за продажба од Арифи. До правосилноста на пресудата, Арифи и Хусеин остануваат во притвор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »