речник контакт

Седум деца повредени во Мелница, откако автомобил сам се придвижил во удолница

Две од децата поради специфични повреди се пренесени на клинкери во Скопје

Петар Печков

Петокот доцна попладне во Мелница се случил инцидент во кој повредени се  седум деца. Две од нив се префрлени на скопските клиники. До сообраќајниот инцидент во кој две деца се здобиле со потешки телесни повреди дошло, откако возило, кое било паркирано на удолница, се придвижило и ги повредило децата кои си играле во дворот.

Децата  кои играле биле соседи но и роднински поврзани, бидејќи настанот се случил на третиот ден од Курбан Бајрам а нивните родители биле на гости кај домаќините. Децата до велешка болница биле префрлени со приватни возила, не била повикана итната помош, во интерес на времето.

„На 30 јуни во 19.30 часот било пријавено дека во село Мелница пред куќа било паркирано патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, паркирано од С.З.(44 год) од истото село, но во еден момент возилото почнало да се движи и удрило во седум малолетници“ - соопштија од МВР.

„Две од децата поради специфичните повреди се пренесени на клиники во Скопје, другите пет имале полесни повреди, покажале претрагите на дежурниот доктор  “ - соопштија од велешка Болница.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, по чија истрага ќе бидат познати причините за несреќата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »