речник контакт

Седум заеднички проекти на Велес со Грција пред ЕУ

Во рамките на прекуграничната соработка, Велес аплицира со седум проекти од различни области пред ЕУ

Петар Печков

Општина Велес се вклучува како партнер во апликацијата за проектот ATTENTION заедно со пет партнерски институции и организации од Македонија и Грција. Целта на проектот ATTENTION е  демонстрирање на способноста да се постигнaт еквивалентни резултати со поинаков начин на одгледување земјоделски култури, подигање на свеста и едукација на локалните фармери за користење на еколошки методи. 

Проектот е вреден 94.100 €  а учеството на Општина Велес  во проектот со 14.115€. Општина Велес учествува во програмата заедно со уште 5 други партнери од Македонија и Грција: Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Општина Делта, Општина Калкидона, Центарот за обука „Нефели“ од Грција и Меѓуопштинскиот центар за земјоделство од Солун.

 Проект насловен „Различни вкусови со заедничка историја“ – со кратко име на проектот DELICIOUS. Општина Велес ќе учествува во програмата заедно со уште 3 други партнери од Македонија и Грција: Агенцијата за општински развој -Солун, Земјоделскиот факултет –Солун и НВО од Македонија. Туризмот е една од најголемите индустрии во светот и еден од најбрзо растечките економски сектори. Храната има особено важна улога во развојот на туристички услуги, бидејќи често учествува со над 30% од трошоците во туризмот.

Со цел да се користат храната и туризмот како економска стратегија за развој, важно е да се охрабрат посетителите да запрат и да останат подолго време. Крајната цел на оваа иницијатива е подобрување на преку граничниот економски развој во проектната област, промоција на одржлив туризам, преку презентација на културата на традиционална храна во двете земји и примена на знаењата стекнати преку научен пристап. Проектот е вреден 72.500 €  а учеството на Општина Велес  во проектот со 9.615 €.

    Промоција и заштита на ресурсите на животната средина во пограничната област,со предлогот на проект насловен „Енергетска-мрежа на локалните власти од Грција и Македонија“ – со кратко име на проектот ENERSTRA. Општина Велес ќе учествува во програмата заедно со уште четири други партнери од Македонијa i Грција.

Постигнувањето на целите на ЕУ за енергетика познати како "20-20-20 до 2020 година" (кои во себе вклучуваат намалување на емисијата на CO2 за 20%, како резултат на 20% зголемување на енергетската ефикасност и 20% удел на обновливите извори на енергија во енергетската потрошувачка до 2020 година) претпоставува активно учество и соработка на локалните власти за достигнување на поставените цели.

Партнер на проектот од македонска страна е Општина Новаци, а од грчка страна се општините Флорина, Делта и Пилаја. Проектот е вреден 118.250  €  а учеството на Општина Велес  во проектот со 17.737 €

Проект насловен „Проект кохезиона мрежа во Грција и Македонија “ – со кратко име на проектот EUCONET . Проектот цели кон промовирање на одржлив економски и
социјален развој во граничните области и соработка во решавање на заедничките предизвици во областите како што се животната средина, природното и културното наследство и јавното здравje.

Проектниот предлог содржи ангажирање на експерти, организирање на обуки, изработка на веб страница, публикација и дистрибуција на информации, креирање на мониторинг комитети со локалните власти, анализа на истражувањата на експертите. Проектот опфаќа анализа на економските потенцијали и состојбите во социјалниот развој во двете земји, подобрување на економската и социјалната состојба во проектните области преку проектен пристап кон регионалните политики. Проектот е вреден 92.000  €  а учеството на Општина Велес  во проектот со 13.800 €

Проектот „KNOW HOW“ е базиран на идејата партнерите меѓусебно да си помогнат на патот кон подобрувањето и пронаоѓањето на решенија за економски и индустриски развој базиран на размена на знаења поврзани со бизнисот. Затоа, проектот планира воспоставување на Центар за развој на претприемништвото што ќе има специјализирани канцеларии за обезбедување помош и совети за економските и индустриските ентитети поврзани со развој на бизнисот, расположливите фондови, методологија, иновации и технологија и многу други области како и канцеларија за млади претприемачи со цел да им се даде што е можно поголема помош и да се создадат услови за нив, да останат во општината и да придонесат за нејзиниот развој.

Генералната цел на проектот е да придонесе за подобрување на економијата и индустрискиот развој во преку граничниот регион и да креира подобра бизнис клима со воспоставување на единствен информативен центар за претприемачи и индустријалци и да обезбеди механизми за споделување на добри практики за менаџмент помеѓу сите општини -партнери во пограничниот регион. Партнери од македонска страна се Општина Велес и Општина Крушево. Партнер од грчка страна е R&D Компанијата на Стопанската комора на Килкис. Проектот е вреден 204.594  €  а учеството на Општина Велес  во проектот со 6.207 €


Предложениот проект  TAKE THE KNOWLEDGEќе ја развие и силно ќе ја промовира улогата на Центарот за претприемачи. Со имплементиран ефикасен информатички систем за комуникација, податоци и размена на документи ќе ги приближи двете страни, во смисла на идентификација на потребите и можностите за взаемна соработка.

Генералната цел на проектот е воспоставување и зајакнување на економската и соработката во областа на земјоделството во преку граничната област на Грција и Македонија и формирање на унифициран центар што ќе претставува одлична база за надградба во комуникацијата, земјоделството и економијата. Партнер во проектот од македонска страна е Општина Росоман, а од грчка страна Универзитетската еклезијастичка академија од Солун. Проектот е вреден 272.224  €  а учеството на Општина Велес  во проектот со 27.580€.

Проектот CULTURE-CONNECTED е уникатен спој на минатото и иднината што како цел ја промовира заштитата на културното и историското наследство во двата преку гранични региони, притоа базирајќи се на иновативните информатички решенија и поддршката за постигнување на оваа цел. Проектот ја приоретизира посилната интеграција на преку граничната територија, преку нејзино поврзување со културните институции и локалитети. 

Главната идеја на проектот е придонесот во заштитата на културното наследство во преку граничните општини и промоција на архитектонските, историските, уметничките и други локалитети и нивниот потенцијал за развој на културен туризам, преку воспоставување на Е-културен центар како генератор на културната размена помеѓу грчките и македонските општини. Како таков, проектот се базира на вмрежување на културните институции во областа и на тој начин го зајакнува неговиот потенцијал за раст преку проширување на влијанието на културната промоција зад границите. 

Од македонска страна, водечки партнер е општина Крушево, а партнер во проектот е Општина Велес. Партнери од грчка страна се општина Серез и Кластерот за органски производи. Проектот е вреден 204.175 €  а учеството на Општина Велес  во проектот со 37.088 €.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »