речник контакт

Седум и пол години затвор за убиството во Пепелиште

Старецот е убиен за илјада денари. Казната е изречена во Основниот суд во Велес

Петар Печков

Стојан Василев (38 год) од неготинското село Пепелиште  доби седум и пол  години затвор во Основниот суд во Велес,  за убиството кое се случи во август лани на селските гробишта  во неготинско  Пепелиште. Тој го уби Вељо Адамовиќ заради долг што работел како аргат а делото го признал, по што беше прогласен за виновен. Обвинетиот  бил најмуван  кај старецот за пари и му помагал во домашните земјоделски работи.

Се каам за стореното и жалам за смртта на Вељо - рече Василев.

Тој објасни дека по барање на Адамовиќ често неколку пати доаѓал да работи на  имотот на Вељо, но пари не добивал. Така било и тој ден, четврток 21 август кога на селските гробишта Стојан требало да засади дрвја. Откако го сторил тоа,  според кажувањето на Василев, тој побарал и пари, а старецот му покажал илјада денари и си ги вратил во џебот, по што  обвинетиот се разлутел и со лопатата со два удари го глава го усмртил Адамовиќ.

Од  старецот од џеб го извадил паричникот, ги земал парите и  си заминал. По признание на вина судот му одреди казна затвор од 7,5 години, а во предвид е земено и тоа што Василев е лице со блага попреченост, како што констатирале  вештите лица. До правосилноста на пресудата останува во притвор.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »