речник контакт

Седум и пол години затвор за жител на село Кочилари, за разбојништво извршено во Струга и одземени 8,8 милиони денари

Второобвинетиот жител на Бузалково бил во бегство и е уапсен во Германија, се наоѓа во екстрадиционен притвор и се очекува да биде испорачан на македонските правосудни органи

Петар Печков

Зејнула Јусуфи (47 год) од село Кочилари, Градско доби седум и пол години затвор за разбојништво кое го стори пред две години во Струга.

Тој е прогласен за виновен во Основен суд Струга за дело кое го сторил на 27-ми август 2018-та година,  во 14,20 часот во центарот на  Струга на улицата “Битолски Конгрес“. 

Второ обвинетиот О.А. (42 год) од Бузалково, според обвинителството бил во бегство и во моментот на судењето на бил достапен на правосудните органи. Баран е по потерница и уапсен во Германија и се наоѓа во екстрадиционен притвор и се очекува да биде испорачан на Македонските органи. 

Јусуфи и  О.А.  со употреба на физичка сила и спреј - солзавец извршиле разбојништво над  Д.З.(26) од Прилеп, при што му одзеле ранец во кој имало 8,8 милиони денари, а потоа со патничко возило „Фолксваген Голф 3“ заминале во непознат правец.

За трето осомничениот, жител на село Радолишта -струшко,  немало докази дека бил учесник во разбојништвото и против него не се води постапка, информираа од ОЈО Струга. 

Според обвинителството двајцата обвинети,  на 27.08.2018 година во на улицата „Битолски конгрес“ во Струга, го нападнале Д.З. додека се движел кон својот паркиран автомобил и најпрвин со тупаници и клоци, а потоа и со употреба на спреј, успеале да му одземат поголема сума пари. На оштетениот му биле одземени 3.500 австралиски долари, 7.320 швајцарски франци, 100 британски фунти, 4.165 американски долари, 500 канадски долари, 13.565 евра, 1.000 шведски круни, 100 дански круни, како и 7.186.152 денари, кои ги носел со себе. По извршеното разбојништво, обвинетите  влегле во автомобил и избегале во правец кон Кичево. Според истрагата, осомничените подолго време го следеле оштетениот, кој бил вработен во менувачница во Прилеп, а патувал со поголема сума пари кои ги разменувал во Струга.Пресудата не е правосилна и е по жалба пред апелацискиот суд во Битола.р

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »