речник контакт

Седум избирачки места во Велес променети

Во општина Велес ќе се гласа на 73 избирачки места за неделните вонредни парламентарни избори, бројот на гласачи ќе биде познат до петок

Петар Печков

Државната Изборна Комисија промени седум избирачки места во велешко.  Променета е само локацијата, но не и улиците кои тие избирачки места ги опфаќаат, информираа од Општинската избирачка комисија.

Избирачко место  бр.2145 се гласа во   куќата на Киро Костовски на ул. Луј Пастер бб.  наместо во аптеката Весна фарм

Избирачко место  бр.2155 се гласа во Ликовен салон, наместо како досега во Ловното друштво.

Избирачко место бр.2160  се гласа во зградата на Фондот на Здравство, наместо во зградата на Пелагонија ( сега во оваа зграда има две избирачки места)

Избирачко место бр. 2176 се гласа во Бирото за вработување, наместо во ДОЗ

Избирачко место бр.2192 се гласа во општинска зграда во Иванковци

Избирачко место бр.2198 се гласа во `Рлевци

Избирачко место  бр.2207  се гласа во куќата на Атанасков Ангел во село Ораовец

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »