речник контакт

Седум нови случаи на лица со ковид-19 и почината пациентка

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 29 пациенти, тројца помалку од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано само седум нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се шест. Ова се податоци за изминатите 24 часа кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 318 лица.

Починато е едно лице, жена која била на лекување на Инфективно одделение од Велес, позитивно  на корона вирусот, на 60 годишна возраст со коморбидитети.  

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 29  пациенти, тројца помалку  од вчера. Ново примен  е еден пациент испишани се двајца со по еден негативен тест  

„Од згрижените пациенти,  19   се позитивни, непотврдени се   двајца   и  петмина   се негативни. На кислородна поддршка се осум  пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 24 а на Интерно одделение петмина  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »