речник контакт

Седумдесет деца од Велес, од 12 до 18 години пријавени за вакцинација

Вакцинацијата за заштита од ковид-19 почнува во понеделник а пријавувањето е ноќеска до полноќ

Петар Печков

Според податоците објавени од Министерството за здравство, висок интерес во однос на другите градови од земајва, покажале младите велешани.

Седумдесет деца  на возраст од 12 до 18 години до денес, четврток на пладне се пријавени за вакцинација за заштита од ковид-19. 

Тие се пријавени на страницата  вакцинација.мк.  Бројката не е конечна, оти може да се пријавуваат до полноќ.

Термините кога ќе сер вакцинират децата на возраст  од 12 до 18 години ќе дознаат утре а вакцинацијата со „Фајзер“ ќе се  одвива во пунктот кој е посочен, во понеделник. 

Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт” – 376, „Јане Сандански” – 267, „Чаир” – 101 и „Бит Пазар” – 5.

Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40,  Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14....

По две деца се пријавени во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод, а по едно во Кратово и Македонска Каменица, потенцираат од Министерството.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »