речник контакт

Седумдневна ревија на македонски филмови во Велес

Од вечерва понеделник, следните шест вечери во Амфитетарот од Младинскиот парк ќе бидат прикажани постари македонски играни филмови и дел од докуметарната македонска продукција.

Петар Печков

Со прикажувањето на првиот македонски игран филм ,,Фросина,, од вечерва ,понеделник во Младинскиот парк  во Велес ќе започне седумдневната  филмска ревија која ја организира Кинотеката на Македонија. Секоја вечер со почеток во 20 часот во амфитеатарот од Младинскиот парк ќе бидат прикажувани играни и документарни филмови. Изборот на филмовите го направи Кинотека на Македонија и тоа се неколку од најдобрите и најнаградуваните играни и документарни филмови снимени во  Република Македонија. Велешката публика во наредните денови  ќе може да ги види Солунските атентатори, Планина на гневот, Црно семе, Големата вода, Најдолгиот пат, Црвениот коњ, документарецот Дае, селекција од филмови на браќата Манаки, Македонија низ слики на Арсениј Јовков, Бериќет на Митко Панов.  Ова ревија е организирана по  повод 60 години од првиот македонски филм ,,Фросина,, , во режија на Воислав Нановиќ.

„Фросина“ беше и остана еден од најуспешните резултати на македонската играна продукција. И 60 години по нејзината премиера, таа го потврдува својот вонвременски квалитет и високите естетски вредности“, пишува Мирослав Чепинчиќ во првата книга „Македонски игран филм“. Освен тоа, овој филм не само што ја започна македонската филмска историја туку во него првпат се појавија и редица големи македонски актери, меѓу кои се: Мери Бошкова, Ацо Јовановски, Петре Прличко, Илија Џувалековски, Љупка Џундева, Кирил Ќортошев, како и значајни имиња од авторската и техничка екипа, и тоа: Киро Билбиловски како директор на фотографија, Љубе Петковски како асистент-снимател, Војне Петковски, тон, Трајко Прокопиев како автор на музиката, а Трајче Попов како асистент на режија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »