речник контакт

Седуммина примени кандидати за прва година на Техничко-технолошкиот факултет во Велес

Следниот уписен рок е на 14 и 15 септември

Петар Печков

Седуммина  кандидати се примени во првиот уписен рок на  прва година од Техничко- технолошкиот факултет Велес.  Таа е единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес.

На прехранбена технологија и биотехнологија примени се тројца кандидати, плус еден вонреден и еден со специјални услови додека на нутриционизам двајца кандидати. 

Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам, за оваа академска 2022/23 година има слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши.

Следниот уписен рок, вториот е на  14-ти  и 15-ти  септември а третиот на   26-ми  септември.

Техничко- технолошкиот факултет Велес работи во рамките на  Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »