речник контакт

Седумнаесет годишник од Градско и велешанка позитивни на ковид-19

Се намалува бројот на активни случаи во велешко, денес се 16 лица

Петар Печков

Билансот од ковид-19 за вечерашниот ден, соопштен денес од Центарот за јавно здравје Велес е две ново заразени лица и тројца оздравени. Така бројката на активни случаи во велешко ја продолжува тенденцијата на намалување. Денес имаше 16 активни случаи.

Има регистриран случај на 17 годишник од општина Градско и  жена која се тестирала приватно. И двајцата не можат да посочат од епидемиолошката анкета каде и како  се заразиле. Има тројца оздравени, еден  е од Инфективното одделение од Болница и две лица од домашно лекување.  Едниот од овие оздравени е и докторката од Итната помош - изјавија од Центарот за јавно здравје.  

Вкупно заразени досега во велешко има  285 лица,  255 се оздравени а  14 починати,

Од активните случаи  десет се на домашно лекување, пет на Инфективно одделение и еден е на Инфективна клиника во Скопје.

На Инфективно одделение од велешка Болница хоспитализирани се 11 лица, девет се потврдено позитивни и за две лице се чекаат резултати

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »