речник контакт

Седумнаесет оздравени, еден ново заразен од ковид во велешко

Бројката на активни случаи падна на 241 а во Болница се 25 пациенти

Петар Печков

Седумнаесет оздравени и еден ново заразен е состојба со корона вирусот во велешко денес, понеделник, соопштија од Министерството за здравство. Со ова продолжува да паѓа бројката на активни случаи, денес има 241 а досега биле заразени 3011 лица. Во велешко  досега има 102 лица починати од последиците на ковид заразата.   

Вo велешка Болница се хоспитализирани 25 пациенти, на  Инфективно одделение се 22 а на Интерно тројца. Од лежечките пациенти 19  се потврдени позитивни, четворица  сомнителни и двајца  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »