речник контакт

Секој втор пациент на компјутерска томографија во Велес без наод

Докторите кои непотребно ги праќале пациентите ќе одат на едукација, нивните имиња министреството ќе ги достави до директорот на Болницата

Петар Печков

Анализите на Мој термин покажуваат дека од близу 15.500 прегледи  во земјава на компјутерска томографија 41 процент биле без наод .Најмногу негативни наоди имаат Клиничката болница во Штип и Велешката болница.

Според податоците по здравствени установи, процентуално каде не се пронајдени наоди од испитувањата по компјутерска томографија, на прво место е болницата во Штип со 60 проценти и општата болница во Велес со 54 отсто

Поради ваквата состојба, Министерството за здравство ќе подготви кратка брошура во која концизно ќе бидат наведени сите упатства и протоколи согласно медицината базирана на докази. Брошурата ќе биде доставена до сите доктори специјалисти кои можат да упатуваат на компјутерска томографија и магнетна резонанса, истакна Тодоров.

Тој појасни дека докторот, кој што упатил пациенти на компјутерска томографија или магнетна резонанса и кај кого над 20 проценти од наодите се негативни, ќе биде упатен на дополнителна обука. Министерството за здравство ќе ги информира и директорите на здравствените установи за тоа кој специјалист непотребно праќа пациенти на такви снимања.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »