речник контакт

Секоја недела нека ни биде ден на семејни собирања и радости - порача Владиката Агатангел

Велигденско послание на Митрополитот Повардарски Владиката Агатангел

Петар Печков

Велигден е самото срце на верата и христијанското учење. Тоа е сјајно изгрејсонце и мирисна пролет на секој оној кој се надева на Господа и на Неговата милост. Како македонско општество, неделата почнавме да ја доживуваме како еден обичен ден за растоварување од дневните грижи, во кој целосно се загубува неговата духовна и културна димензија.

Ова е ден на сите народни прослави, ден на нашата светла иднина, на сите наши убави надежи, па заради тоа однатре ја китиме нашата душа со секоја добрина, а однадвор, ја облекуваме најубавата и најсвечената облека. Прославувањето на Велигден од една страна значи нурнување длабоко во себе, а од друга, станување свесен за големите дарови кои ни помагаат и нè придружуваат во пребродувањето и надминувањето на овие кризни и немирни времиња.

Мнозина имаат искривен поглед на свет и искривен морал, па злото го преставуваат како добро, убиството како храброст, тортурата како љубов, а газењето на човековото достоинство како здраворазумна неминовност. Hека ни е честит и благословен денот на Господовото Воскресение.

Секоја недела нека ни биде ден на семејни собирања и радости, нека ни биде непресекнат извор на духовна храна, која неминовно минливите моменти ќе ги преобрази во семе на вечноста. Во тој дух и вера, на сето свештенство, монаштво и на сиот верен македонски православен народ им посакувам среќни и благословени Велигденски празници.

Христос воскресе, Навистина воскресе!

Велес, 2019-то Лето Господово

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »