речник контакт

Секојдневно во велешката Болница доаѓаат по 518 пациенти

7-ми април Светски ден на здравството. Во 2016-та во Болницата примиле 326.317 пациенти. Најмногу прегледи имало на Акушерство 1.570

Петар Печков

На 7-ми април Светскиот ден на здравјето, директорот ан ЈЗУ Општа Болница Велес откри дека секојдневно  кај нив доаѓаат по 518 пациенти, но и дека оваа здравствена установа по втор пат е избрана меѓу петте најуспешни во земјава. 

Во Болницата што амбулантно, што во одделенија доаѓаат по 518 лица да побараат помош.  Тешко се снаоѓаме, и покрај тоа што за овие 10 години примивме 32 доктори и 22 сестри, имаме потреба за дополнителен  здравствен персонал, најмногу медицински сестри и болничари, за да ги задоволиме потребите на граѓаните – рече директорот д-р Атанас Василев.  

Според пресметките лани болницата остварила 258 милион денари приходи,  расходи 257 милиони денари, од трошоците најмногу средства одат за плати 63 отсто, па материјали 17 отсто.   Сместувачките  капацитетите лани биле исполнети со 45 отсто, оти дел од Болницата се реконструираше.

Во 2016-та во Болницата примиле  326.317 пациенти, за споредба во 2015-та имало   298.490 а во 2014-та 267.576 пациенти. Или во 2016-та најмногу прегледи имало на Акушерство   1.570, па на Педијатрија   1.319, Интерно  987, Инфективно  769, Хирургија  637,  Невропсихијатрија 582, Физикална медицина  479, Ортопедија  325.

Задоволство ми е што можам да кажам дека имаме успешна година зад нас, втор пат по ред сме избрани меѓу петте најуспешни Општи  Болници во земјава.  Работиме и ние ќе бидеме првата Општа Болница која ќе биде акредитирана во земјава.    Најчести услуги кои се даваат се проблеми со респираторните инфекции, па новороденчиња – изјави д-р Василев. 

За изминатите 10 години набавени биле 65 апарати вредни 1,7 милиони евра, меѓу нив компјутерски томограф, дигитален мамограф, апарат за анестезија, апарат за био-хемиска анализа. Лани биле реновирани ушно, очно одделение, гинеколошко, интерно со просторија за интензивна нега, заменети се прозорите и вратите во Болницата, термоизолациона фасада и покрив.  За годинава раководството планира реконструкција на инфективно одделение  и  набавка на два нови лифта, а годинава за нови медицински  апарати планирани се 840 илјади евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »