речник контакт

Сексуалноста кај децата со посебни потреби

Со него се соочуваат родителите, кои на своите деца не можат да дадат одговори за сексуалниот живот

Петар Печков

 Како да им се објасни сексуалноста, на децата со посебни потреби е сериозно и тешко прашање. Со него се соочуваат илјадници родители низ земјава, кои на своите деца не можат да дадат одговори за сексуалниот живот.  Родителите бараат помош, бидејќи се во безизлезна ситуација. Нив им е неопходна за да се олесни животот на оваа категорија лица.

Мојата ќерка боледува од  ,,Даунов синдром,, и не знам како да и ги објаснам сексуалните промени кои настануваат со нејзиното растење. Таа има 22 години и сака да знае, се интересира,  за што е секс. Немам соодветни зборови со кој тоа ќе и го објаснам  и таа да го сфати.  Друго е да се разговара со децата кои  немаат проблеми во развојот. Не знам на кој начин тоа да и го кажам, можеби за повеќето луѓе ова е чудно, но за жал за нас родителите на овие деца, тоа е така - ова беше тажната приказна на   една од  мајките кои  имаат деца со посебни потреби. 

До идеја за средба  со социолози и психолози од другата страна е дојдено по многуте разговори кои  родителите меѓусебно ги воделе и дискутирале. Сите биле едногласни, го имаат истиот проблем, не знаат како да се справат со него.

Ова е табу тема  за која досега јавно не е разговарано, нема дискусија.  На нашите состаноци често сме се прашувале и сме немале одговори,  па побаравме помош од стручни лица. Затоа организиравме една ваква трибина каде со присуство на родителите и нивните деца, ќе можат изворно да слушнат, како да се надминат проблемите  –  вели Далиборка Златева претседател на Здружението на лица со церебрална парализа. 

Помош добија од  стручните лица ангажирани од  невладина организација ,,Хера,, од Скопје.  Тие им порачаа дека под сексуалност не се  подразбираат само сексуалните односи, туку и секојдневните активности, одржување на  хигиената и гинеколошките прегледи. Во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Велес,  најавено е почесто да доаѓаат стручни лица, кои ќе разговараат и со децата, но и со нивните родители.  Ова ќе биде прв чекор во давањето на неопходната помош, следи формирање на стручни тимови кои ќе работат со оваа категорија на граѓани.

Сексуалноста е многу битен во животот на секој човек, вклучувајќи ја и оваа категорија лица. Се залагаме сите да ги уживаат сексуалните права, во рамките на  индивидуалните слободи. Дали ќе склопуваат бракови, тоа е нивен избор, не наш или на нивен родител. Лицата имаат право да бидат информирани и здравствено заштитени и врз основа на тие информации, да донесат самостојни одлуки за сопственото репродуктивно здравје - вели   психологот Весна Томаковска.

За разбивање на сексуалните табуа кај оваа популација и нивните блиски, ќе се одржуваат трибини  поголеми градови во земјава. Но колку се табута присутни, покажа и  трибината одржана во Велес, каде имаше само мајки со нивните деца со посебни потреби. Татковците ги немаше.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »