речник контакт

Селата соседи, ама народот подвоен

За референдумот...

Петар Печков

Иако на само некој километар оддалеченост, жителите на велешките села  на  дијаметрално различни страни по референдумот, што не било случај во претходените изборни циклуси   

Во неколку села во поширокиот велешкиот регион, на неделниот референдум е забележлива подвоеноста за поддршката ,,за,, и ,,против,, според податоците на ДИК. Таква на била состојбата  на претходните локални избори и вонредните парламентарни од 2014-та.   

Така во Општина Градско двете села Долно и Горно Чичево со различно расположение.  Во Горно Чичево излегле 51,2% а  во Долно Чичево само 5%. A само пред неполна година на локалните избори имало спротивна ситуација.  Во Долно Чичево гласале за кандидатот за градоначалник на СДСМ  со излезност од 67%  а во Горно Чичево  гласале за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со излезност од 90%.  Пред четири години на вонредните парламентарни избори и во двете села програмата на ВМРО-ДПМНЕ  за гласачите  била поквалитетна, освоила повеќе гласови и победила а излезноста била во Горно Чичево  82,4% а во  Долно Чичево 74% 

Таков беше случајот и со селата Сарамзалино и Ќоселери во Општина Лозово. Во првото имало излезност од   51,2% а на само еден  километар подалеку во селото Ќоселери  излезноста била   18,2%. Лани при изборот за градоначалник, двете села се нашле на иста политичка страна, во село Сарамзалино излегле дури 87%  и го поддржале кандидатот на СДСМ исто како и во село Ќоселери со 70 отсто излезност. Ако се навратиме малку порано на предвремените парламентарни избори во 2014-та  повторно во Сарамзалино имало висока излезност од  91,1% а во Ќоселери двојно помалку 40 отсто а во двете села повеќето  гласале за  ВМРО-ДПМНЕ. 

Во Општина Чашка во село Нежилово имало 48,6%  а во село Ореше едвај пет отсто.  Пред една година  во село Ореше излегле да гласаат за градоначалник со 67% и го поддржале кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, додека во село Нежилово со излезност од 70% гласале за кандидатот на СДСМ.   На вонредните парламентари избори во 2014-та и двете села имале висока излезност од 93% во Ореше и 66,7% во село Нежилово со тоа што повеќето жители гласале за програмата  на ВМРО-ДПМНЕ.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »