речник контакт

Семафорите не работат, стара технологија co надминато време

Ќе се бараат средства со пренамена од Буџет, за да се набават нови

Петар Печков

Десетина дена семафорите лоцирани на крстосницата кај бензинската на Макпетрол и ЕВН, не функционираат. Не работат.

Иако претходно имаше периоди кога само трепкаа, сега се вон фукнција. ТрМр го праша градоначалникот што се случува, зошто единствените семафори не работат?

„Тие се поставени пред 20-тина години. Стара техника користена во ново време. Технологијата која се користи одамна е надмината и нема замена за деловите кои се расипани. Тука помош нема. На седница на Совет ќе предложам да се издвојат средства за набавка на нови, со што ќе се реши проблемот“ – кажа Колев.

Иако семафорите не работат, тоа не се чувстува во сообраќајот на крстосницата.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »