речник контакт

Семејно насилство, жртви сопруги, деца, сестра

Се поголем број на случаи на семејно насилство во општината

Петар Печков

За една седмица три  одвоени случаи на семејно насилство од родител над деца, брат  врз сестра  и  сопруг врз сопругата. СВР Велес со деталите на настаните, кои се случила во Чашка, Градско и Велес. 

Саботата на  30 март  во 23.00 часот полициски службеници од Полициска канцеларија Градско го лишиле од слобода А.Н.(69 год) од Градско, по претходна пријава од неговата сестра С.Џ.(66 год) од Велес. Според пријавеното во дворот од семејната куќа во општина Градско, А.Н. им се заканувал на пријавителката, нејзиниот сопруг В.Џ., како и на нивната сестра Т.П. и нејзиниот сопруг В.П. поради донесена пресуда за поделба на семејната куќа. А.Н. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Неделата на  31 март  во 11.20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Б.(41 год) од Велес затоа што во семејниот дом, по кратка расправија, физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивната малолетна ќерка. С.Б. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот потив него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Велес, до Основно јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.С.(41 год) од село во општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, казниво по член 130 и „запуштање и малтретирање на дете“, казниво по член 201 од Кривичниот законик. На 3 април пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, А.С. подолг временски период физички и психички го малтретирал семејството, воедно и неговите малолетни ќерка и син ги принудувал да просат. На 3 април тој е лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »