речник контакт

Семејно насилство, син нападнал татко, маж невенчаната сопруга

По документирање на настаните, полицијата ќе поднесе соодветна пријава

Петар Печков

СВР Велес соопшти за два инциденти кои се случија деновиве, каде е пријавено семјено насилство. Во едниот случај маж нападнал невенчана сопруга а во вториот случај син го нападнал татка си.

„На 8 јануари  во 14.20 часот полициски службеници од СВР-Велес го лишиле од слобода Е.Ф.(31 год) од велешко село, затоа што физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга. Тој е приведен во полициска станица“ – инфоpмира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.   

„На 9 јануари  во 22.10 часот полициски службеници од СВР-Велес го лишиле од слобода Б.Н.(30 год) од Велес, по пријава од неговиот 66-годишен татко, затоа што во семејната куќа агресивно се однесувал, кршел предмети во домот и оштетил патничко возило „фиат“. Б.Н. е задржан во полициска станица“ – дополни Ѓаковска.  

За двата инциденти известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните  ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »