речник контакт

Семејното насилство во Велес

Состојбата со семејното насилство е загрижувачка, покажуваат податоците од истражувањето...

Петар Печков

Состојбата со семејното насилство е загрижувачка, покажуваат податоците од истражувањето спроведено помеѓу велешките средношколци.

Четириесет отсто од анкетираните ученици се изјасниле дека во нивното семејство постои семејно насилство а секој трет испитаник бил жртва. Ова се податоци по завршеното  истражувањето „Семејното насилство низ призмата на адолесцентната популација“.

- Според добиените резултати состојбата со семејното насилство е алармантна. Најчесто до конфликт доаѓа помеѓу родителите и децата и тоа во 46 отсто и тоа поради меѓусебна нетрпеливост. Потоа следат зголемена емоционална раздразливост, невротичноста, анксиозноста како и лошата материјална положба и социо-економските услови. Ова пак придонесува до развој на алкохолизмот кај членови на семејството - вели Вангелица Маџунова Гаврилова дипломриан психолог и координатор на истражувањето.

Со него биле опфатени илјада ученици или  една третина од севкупната средношколска популација во Велес. Семејното насилство е присутно подеднакво кај сите социјални слоеви и кај стечајците и кај добростоечките фамилии.

Кај психичкото насилство најприсутен е молкот и немањето на комуникациајта помеѓу родителите и децата. Од друга страна 11 отсто до испитаниците се пожалиле дека биле физички злоставувани.

Гаврилова вели дека децата најмногу се жалат на неразбирање од страна на родителите, конзервативниот однос поради што сакаат некаде да побегнат, но немаат каде поради материјалната зависност.

Сите тие бараат да бидат казнети сторителите на насилството, но не знаат каде да се обратат. За надминување на ваквата состојба Гаврилова смета дека треба сите релевантни и надлежни иснтитуции превентивно и активно да делуваа, почнувајќи од центрите за социјални грижи, психолозите во училиштата до полицијата.

За изминатите три години во Велес регистрирани се 148 случаи на семејно насилство, евидентирале во Здружението на самохрани мајки „Стела“. Од нив подеднакво биле малтретирани жени и деца а во 26 случаи мажите се жалеле на ваква тортура, од кој во еден случај тој бил и натепан.

- За заштита на жртвите во градот имаме 4 засолништа каде ги засолнуваме жените и децата. Колку институциите за ова знаат, покажува податокот дека Центарот за социјални грижи овие податоци не ги знае а градот догодина ќе оддели средства за оваа намена, наместо да ги даде на здружението да ги користи за расположливите објекти - изјави Вера Србинова претседател на здружението.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »