речник контакт

Семејното насилство најчесто е психичко а има и физичко

Се јавува и над старите лица пензионери, поради финансиски причини. Годинава десетина предмети се правно завршени а има и една затворска казна за мажот насилник. Има и канцеларија за бесплатна правна помош

Петар Печков

 

Семејното насилство се почесто е присутно во домовите во Велес. Тоа е психичко и физичко, но освен жените и децата се манифестира и врз старите лица, пензионери.  Ова беше кажано на трибината насловена  ,,Живот без насилство,,.организирана од Организацијата на жени од Велес.

Наназад четири години даваме бесплатна првна помош. Насилството е присутно, име пријавни случаи. Последната година не загрижува бројката на жени кои пријавуваат семејното насилство. Најчесто насилството е психичко и физичко.  не смееме да го премолчиме и насилството над старите лица. Тоа е деца, внуци и најчесто поради финансиско -материјална помош. Насилството се обидуваме да го сопреме со активности, вакви трибини, едукации да ја подигнеме свеста - изјави Мирјана Трајковска претседател на Организацијата на жени на Македонија за Велес .      Нивната  адвокатка дава бесплатна правна помош. секој работен дек  од 11 до 16ч.  во просториите во МЗ Трајко Панов, на кривината кон Болница. Нејзиното искуство за овој период зборува дека семејното насилство го има а таа се обидува првно да ги заштити жртвите и покрај  нивниот страв, јавно да зборуваат за проблемот. 

Имаме најчесто психичко а потоа и физичко насилство врз жените. Жените се охрабрени се јавуваат, бараат правна заштита. Имаме десетина правосилни пресуди, кои се завршени. Повеќето се со алтернативна мерка а една е и ефективна затвор за сопругот насилник, кој го повторува делото - изјави Билјана Ангелова адвокат во канцеларијата за заштита на жените од семејното насилство.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »