речник контакт

Семејство од Дервенски поток, ослободено од радиодифузна такса

По десетгодишна борба, железничарот од Велес сам се избори во правниот систем да не плаќа радиодифузна такса

Петар Печков

Без совети од правници, без помош од институциите, велешко семејство кое живее во Дервенскиот Поток успеа да се избори да не плаќа радиодифузна давачка.  Семејството Трајков со куќа  на улицата Вера Цири Вири 210, по десетгодишна борба успеа да издејствува да биде ослободено од радидифузна такса. Тие долги години се обидувале да докажат дека во местото каде живеат, нема сигнал за телевизија, за тоа сега  конечно да им успее.

Место положбата на оваа населба  е таква, сигнал за телевизија нема. Во дупка сме, опколени со високи карпи и не гледаме  ништо преку антена. Се обидувавме со години наназад преку пратеници, преку луѓе кои ја знаат оваа работа да издејствуваме да бидеме ослободени, но ништо не помогна. Земав затоа го прочитав  Службен Весник, Законот за радиодифузија, се повикав на членовите кои го регулираат ова право, го испратив до Советот за радиодифузија и УО на МРТВ и добив. Искрено на мое големо изненадување - вели Трајче Трајков кој е вработен во ЈП Македонски железници. 

Но немањето телевизиски сигнал  не е само негов проблем, со ист такво се судруваат илјада жители од овој дел на Велес.

Не гледаме ниту МТВ, ниту пак некоја од другите национални телевизии. Ако не е кабелската нема да знаеме  кои се фудбалерите на Македонската репрезентација, ниту ракометари, кошаркари, или пејачи. На времето доаѓаа со некое комбе од Македонската телевизија, проверуваа, но сигнал немаше. Затоа   пред десетина години не ослободија, сега кога почна да праќаат сметки УЈП пак ни стигнуваат, а ништо не гледаме. Зошто да плаќам кога не ја добивам сликата – велат жителите од улицата Вера Цири Вири, од повисоките броеви. 

Сега и тие ќе се организираат да побараат ослободување од радидифузната такса. Во Велес се раскажува вистинскиот настан од пред десетина години, кога кабелскиот оператор во овој дел на градот започнал да инсталира опрема за следење на тв програмата преку овој сервис. За тие три четири  месец продажбата на телевизори во градот неколкукратно се зголемила, оти таму се уште имале црно –бели и повеќето служеле како украс и не биле во функција, не можело да се следи слика. Тогаш за прв пат повеќето од децата виделе како работи телевизорот. Со ваков проблем во градот се соочуваат и дел до жителите на населба Превалец.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »