речник контакт

Семејство од Нови Сад, наместо на одмор во Грција, заврши во болница по сообраќајка, кај Неготино

Автомобилот од засега непознати причини излетал од патот

Петар Печков

На вчера попладневната сообраќајка, кога моторист турист  од Унгарија, во тунелот Катланјово, се заби во камион и смртно настрада  возачот, вчера наутро, понеделник, имало уште една сообраќајка, во која учесник било возило од Србија.

Тоа излетало од автопатот, на делницата Неготино - Демир Капија, кај ТЕЦ Неготино, по што завршило во ендек. Возилото марка „рено“  со регистарски таблички  од Нови Сад, управувано од Д.Б.(35 год) од засега непознати причини излетало од патот. Во автомобилот биле и неговата сопруга Л.Б.(34 год) и нивниот малолетен син. Сообраќајката ја потврдија од СВР Велес. 

На сите три  лица  им била пружена лекарска помош од страна на екипа на Итната помош и  биле  префрлени на ортопедија од Велешка Болница.

„Трите лица се здобиле со тешки телесни повреди и поради спецификата и обемот  на повредите се пренесени на Скопските клиники“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на болница Велес.

Семејството патувала на одмор во Грција. На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за излетувањето.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »