речник контакт

Семејство од Штип потешко повредено во сообраќајка кај Велес

Трите лица се здобиле со тешки повреди, две се пренесени на Траума во Скопје

Петар Печков

Во саботата во  11 ,10 часот  на магистралниот пат Велес- Штип се случи  сообраќајна несреќа во која три лица тешко се повредени, соопшти СВР Велес. Несреќата се случила  во близина на крстосницата за Ново Село, кога автомобилот опел корса, која возел од Штип кон Велес удрил во  автобус кон патувал кон Штип.

Во директниот судир со сериозни повреди се здобиле патниците во автомобилот семејството Читкушеви од Штип, татко, мајка и ќерка.  Таткото М. ( 60год) кој е најтешко повреден и ќерката Г. ( 29 год) имаат повеќе скршеници на телото и итно се пренесени на Трауматологија во Скопје, додека мајката В. (63 год) е со повреден колк и докторите од велешката Болница најавуваат дека и таа ќе мора на лекување, наредната седмица во Скопје. 

Екипа на СВР Велес била на терен и ќе се испитува причината поради која дошло до директниот судир и  сообраќајка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »