речник контакт

Семејството Етоски за Рамазан Бајрам донираше пакети со храна на социјално рaнливите семејства од Мелница

Хуманитарната помош ја дистрибуираа волонтери од Општинскиот Црвен крст

Петар Печков

Хуманитарна помош за социјално ранливите семејства од село Мелница. Тие се донација од семејството Етоски, кое живее во Швајцарија а потекнува токму од ова населено место. 

Донацијата е наменска за претсојниот муслимански празник, Рамазан Бајрам. Неа ја поделија волонтерите на Општинскиот Црвен Крст Велес.

„Целта е да им се помогне за  празникот на семејствата од социјален ризик, деновиве ќе биде испорачана на 45 семејства  од селото.  Хуманитарната помош е донација на семејството Етоски кое живеат и работат во Швајцарија. Ја подготвија Жито Маркети, а дистрибуцијата е со помош на Месната заедница во селото“ – кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »