речник контакт

Семејството Етоски од Швајцарија, донираше пакети за храна за семејства во социјален ризик

30 пакети се поделени во Општина Чашка и 15 во Велес

Петар Печков

Семејството на Ердован Етоски, кое живее во Швајцарија а по потекло е од Мелница, донираше 45 пакети  со храна. Пакетите ги делеа волонтери до Општинскиот Црвен крст на Велес а ги подготви  компанијата Жито маркети.

Семејството Етоски на овој начин сака да помогне на семејства кои се во социјален ризик поради пандемијата со корона вирусот. 

Во текот на денешниот ден поделени се 30 пакети со храна, по 15 во Чашка и 15 во Мелница. Останатите 15 ќе се поделат за социјално загрозени семејства во Велес.

Од почетокот на кризата ова е втора хуманитарна акција во кој се вклучува ова семејство Етовски, претходно донираше лепиња со плескавици за Источен петок Балаклија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »