Петар Печков
Објавено: сабота, 16 мај 2026
Напорите на семејството чиј стан беше опожарен во средата претпладне, да го најдат човекот кој спречил огнот да се прошири, беа успешни. Тоа што во денешницата е се поретко, храброста и смелоста да се помогне во неволја, го препознал сограѓанинот Александар Јолдашев. Семејството со благодарност за неговиот чин.
„Имавме информација дека уште пред да стигне пожарната, момче влегло и самоиницијативно почнало со гасење на пожарот.Александар Јолдашев, пожарникар по професија, кој иако не бил на работа, човечното во него го натерало да ја превземе работата во свои раце додека дојдат колегите кои ги повикал. Со тоа го спасил животот на моите родители. Бескрајно сме му благодарни“ – порача Нена Ѓошева, ќерка на сопствениците на станот.
Пожарот се случи на ден 13 мај среда на ул. Благој Ѓорев бр. 8/2 околу 11ч. Територијална Против Пожарна Единица Велес интервенирала со едно возило и четворица пожарникари. Било констатирано е дека гори шпорет на терасата.
| Tweet |




