речник контакт

Семинар за македонски ора и песни

Десет дена на велешкото езеро Младост ечеа гајда и тапан откако педесетина играорци од повеќе европски држави учеа македонски танци, ора и песни.

Петар Печков

Десет дена на велешкото езеро Младост  ечеа гајда и тапан откако педесетина играорци од повеќе европски држави учеа македонски танци, ора и песни. Тие беа посетители на семинарот кој го организираше Сашко Анастасов, инструктор за македонски фолклор. Гостите за овој период научија неколку македонски ора и повеќе изворни песни.  Презадоволни се  од можноста да научат за специфичниот фолклор, кој се разликува од нивниот, од земјите каде доаѓаат.

- Ова ми е трет пат што доаѓам на семинар во Македонија. Вашиот фолклор е посебен, уште од млад имав желба да го научам. Во Франција учам од ЦД, ама тука е многу подобро бидејќи работиме  во живо и грешките можеме веднаш да ги корегираме. Искуството можеме да го споделием со инструктор но и со бројните пријатели од десетина други земји -вели Оливие Рен. На прашањето колку ора знае само се насмеа и рече многу а неговите колеги дофрлија-повеќе од дваесет.

Освен од Франција, посетители има од Холандија, Белгија, Данска Шведска, Грција. Сите тие ги совладаа чекорите на ,,Машкото егејско“ , ,, Скопско потрчано“ сплет игри од овчеполието и повардарието. Инструкторот ја фали нивната желба да научат да играат македонски ора и запеат наши песни.

- Сите посетители ги научија ората што ги вежбавме изминатиот период. Плени нивната желба да научат фолклор кој е далечен од нивниот и кого нема да можат да го применуваат често во тамошните средини -изјави Сашко Анастасов.

Тој заедно со колегата од Битола исто така инструктор Златко Димитров неуморно по два пати на ден, неколку часа со изворна музика ги учеа на чекорите, напред три еден во место два назад, обидувајќи се да им го доближат ритамот со нивните движења.

Многу пот се пролеа на жешкото велешко сонце, додека не се научија првите чекори. Нивни гости беа и играорци од Данска, ансамбл кој го негува македонскито фолклор. Тие дадоа целовечерен концерт на велешко езеро, каде ги собраа аплаузите од бројните гости и летувалци. Задоволни од наученото но и желбата да се совалдаат повеќе, тие најавија дека ќе дојдат и догодина кога ќе учат нови ора и песни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »