Петар Печков
Објавено: сабота, 22 јуни 2013
Во Бенгалскиот Залив се наоѓаат група острови кои се нарекуваат Андамани. На еден од нив, Северен Сентинел, живее домороден народ кој одбива секаков контакт со надворешниот свет.
Токму од тие причини за Сентинелците не се знае многу, но познато е дека се работи за народ кој се занимава со собирање на плодови и лов, т.е. група на луѓе кои примарно се бават со лов, риболов и собирање на самоникнати плодови. Не постојат докази за агрикултурни методи, ниту оган.
Непознат јазик и број
Нивниот јазик се уште не е вклучен во ниту една група, а не е точно познато ниту колкав е бројот на припадниците на овој народ. Проценките се движат од 40 до 500 членови на племе кое живее на 72 квадрати километри на островот.
Не е познато ни дали овој народ имал последици при земјотресот и цунамито во 2004 година, освен што е потврдено дека имало преживеани. Од хеликоптер се забележани неколку мажи кои фрлале камења и гаѓале со стрели во насока на леталото за да се одбранат од непознатиот предмет во воздухот.
Повеќето острови се прекриени со шума, а западната цивилизација се откажала од истражување поради опасните корални гребени кои го обиколуваат Архипелагот. За време на претходните посети на островот се сретнале групи од 20 до 40 луѓе, но речиси сигурно е дека некои од нив се криеле па не е можно да се одреди точниот број на припадниците на племето, иако се смета дека се групирани во две од шест групи.
Припадниците на овој народ се вклучени во групата Негритоси, односно етничка група во која спаѓаат народите кои живеат во изолирани делови на југоисточна Азија. Тие се карактеризираат со низок раст, темна кожа и исклучително виткана коса.
Никогаш со ниту еден припадник на Сентинелците не е остварен близок контакт, но австрискиот писател и истражувач Хенрик Харер, еден возрасен маж на овој народ го опишал како леворак и висок 1,6 метри.
Од 1967 година па наваму индиските власти се обидувале да стапат во контакт со Сентинелците, а таа контактна експедиција ја предводел антропологот Т. Н. Пандит.
Контактните експедиции завршиле трагично
Во прашање биле планирани посети во кои на домородците би се оставиле подароци, на пример, кокосови орев, со цел да се одоброволат за комуникација и да го променат нивниот непријателски став кон гостите.
Таа програма е прекината во 90-тите години од минатиот век, откако неколку агресивни средби со домородците завршиле трагично, со смрт на неколку лица.
Освен тоа, од неодамнешните случаи познат е тој во кој сентинелските стрелци во 2006 година убиле двајца рибари кои илегално ловеле во близина на нивниот остров. Потоа дожд од стрели избркале еден хеликоптер кој дошол да ги собере телата.
До денешен ден до нив никој не успеал да дојдат, иако од хеликоптерот било забележано дека своите покојници ги закопуваат во плитки гробови.
Прашање е колку долго оваа изолирана група ќе издржи да живее без контакт со надворешниот свет. Но, за сега дефинитивно нема причина да посоти сомнеж во нивната способност за самоодржување.
текстот е преземен од index.hr - Загреб
Tweet |