речник контакт

Сепак, не биле крадци на рози

Б.Ц и Т.А. не украле и не преподавале рози од јавните површини од Велес за што лани полицијата им поднесе кривични

Петар Печков

Двајцата велешани против  кои лани полицијата поднесе кривична дека краделе рози по јавните површини во градот и не биле крадци. Обвинителството се повлече од  нивно гонење, откако судскиот процес започнал во Основниот суд во Велес.  Ниту пак се докажало дека откорнатите садници ги препродавале, како што пишуваше во обвинението и спечалиле 300 евра

 Б.Ц (34 год) и Т.А.(36 год)  и двајцата од Велес нема да одговараат  за делото за кое се товареа, кражба и тоа на 200 садници, кои ги откорнале од  површините пред  Основен суд Велес, кај семафорите,  кај Розе Сала и ресторант Глориус,  од Младински парк, кај споменик Панко Брашнаров и на улица Димитар Влахов. Во пракса тоа не било така, освен неколку откорнати садници од пред Розе сала, за кој судот го упати ЈКП Дервен приватно да ги тужи.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »