речник контакт

Серија на утрински оштетувања на локали низ градот

Три оштетувања на влезните врати на три објекти во различни делови на градот

Петар Печков

Во вторникот наутро се случени повеќе обиди за насилно влегување во исто толку објекти во градот. Од СВР Велес информираа дека кај нив се  пријавени  три случаја- оштетување на објекти.  

Во 04.30 час.од страна на 52-годишен жител на Велес пријавено е дека во продавница „Афродита 2“ лоцирана на улица „Петре Прличко“скршено е стаклото од влезната врата на продавницата.

Во вториот случај, 52- годишен жител на Велес пријавил дека е извршено оштетување на влезната врата од сендвичара „Цаца С“ лоцирана на улица „Кресненско востание“.

Во третиот случај, 58-годишен жител на Велес пријавил дека  извршено е оштетување на алуминиумска врата од сендвичара „Ројал Бургер“ лоцирана на улица „Страшо Пинџур“.

Во сите три случаја  СВР Велес излегол  на лице место и превземаат мерки за расветлување на настаните.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »