речник контакт

Серијата порази на велешките екипи викендов продолжи и со кошаркарите, ракометарите и пингпонгарите

Двете ракометни екипи го продолжуваат натпреварувањето во разигрување за опстанок

Петар Печков

Заврши првиот дел од првенството на Првата ракометна лига, Двете велешки екипи забележаа порази. РК Бисинов  во групата „А“ на гостувањето  во  Богданци, загуби од РК Младост која е второ пласирана,  со 32:22 (15:10). Екипата по овој дел од првенството е последна 8-ма со 7 освоени бода. Во групата „А“ екипата на ГРК Борец загуби дома од четврто пласираниот тим, екипата на РК Металург РА со  13:42 (4:18). По овој дел од првенството тие се последни, 9-ти без освен бод. Натпреварите продолжуваат со разигрување за пласман во Супер лигата и за опстанок, каде ќе играта двете велешки кипи. Од групата „А“ учество ќе земат три а од групата „Б“  четири екипи.

Кошаркарите на КК Борец басект загубија убедливо во Скопје од втората екипа на МЗТ Скопје со 89:51 и шансите за пласман во разигрувањето ги намалија на минимум. Тие се 10 со 25 бода од 12 екипи, а тројка пред нив на табелата со ист број бодови е со по 28 а до крајот има уште четири кола. Во следното во Велес го пречекуваат тимот на Соколи, кој е второпласиран.

Два порази за пингпонгарите на ППК Борец ТИМ, на вчерашните натпревари кои се играа во салата Борис Трајковски во Скопје. Во 11-тот и 12 коло, велешани загубија од ППК Телеком НЕЦ, претендент за првото место со 1:4. Загубија 2:4  и од составот на    ППК Берово 2, кој беше сосед на табелата 7-ми , со бод помалку.  Следните две кола се играта за еден месец, кога ППК Борец ТИМ игра со  ППК Радовиш кој е трет и го игра за првите две места и со ППК Кратово кој е последен без ниту една победа.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »