речник контакт

Серијата порази на ракометарите на Борец продолжува

Слично серија имаат и фудбалерките на Борец, членки на Првата лига

Петар Печков

Ракометарите на ГРК Борец во саботата загубија на домашен терен, од екипата на Охрид 2013   25:21, полувреме 11:11.  Иако  се до 40-тата минута се водеше изедначен натпревар а Борец имаше водство од 14:13, гостите од Охрид    за десет минута направија серија од  8:2 поведоа со пет гола разлика - 21:16, ова водство го сочуваа до крајот. Одличните одбрани на гостинскиот голман Кирил Колев, заедно со ефикасните Елвин Вражалица и Дарко Павловиќ со по 7 гола се творците на победата на Охрид  2013. Кај Борец Игнов постигна 5 гола.  

По шест кола  и серијата од четири порази по ред, ГРК Борец падна на 8-то место, од десет екипи колку што брои Супер лигата. Во следното коло велешани гостуваат  на екипата на скопски  Металург, која досега нема пораз. 

 Фудбалерките на Борец, на домашен терен загубија од екипата на  Топ Гол  од Битола со 0:1. Двете екипи досега, по четири кола  имаа идентичен скор од една победа. По овој домашен пораз ЖФК Борец падна на претпоследното 9-то место, со три бода. Следното коло на 31 октомври, тие пречекуваат  екипата на Истатов од  Струмица, која  е седма со 4 бодови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »