речник контакт

Сеуште се чека на реконструкција на кино салата

Се бара времено решение каде ќе можат да се прикажуваат филмови во Велес

Петар Печков

Неколку месеци биле потребни за  да се   оебзбедат потребните дозволи, да се впишат во катастар,  новите деловни простории  добиени со обновата од некогашното кино. Токму поради тоа  истите сеуште не се предани за користење и не е   почната реконструкцијaта нa салата.

Иако минатата година се најави дека во октомври  просторот ќе биде изнајмен а  собраните средства  наменети за реконструкција за кино салата, тоа не се случи.

Се обезбедуваа дозволи за деловниот простор, кој се создаде со реконструкција за која имаше изготвено проект. Имаме три деловни простори, правевме упис во катастар затоа ни требаше време , таква е процедурата. Потребно е   да ги почитуваме законите. Средени се и санитарните  јазли  - рече градоначалникот Славчо Чадиев.  

Објасни дека  еден од дуќаните, кој е создаден од две претходно планирани простории  е наменет за интернет клуб од Министерството за информатичка технологија, каде ќе има   бесплатен интернет за велешани.  Останатите  два ќе одат  на лицитација.  Чадиев најави дека се работи на времено решение каде велешани ќе можат да ги гледаат новите македонски филмови, додека не се реконструира салата од некогашното кино.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »