речник контакт

Сефте видео за двајца велешки музичари

Two Macedonians со Flamenco de Macedonia. Петар и Благој велат дека се на пат кон светска кариера

Петар Печков

Новото музичко дуо  кое доаѓа од Велес е именувано  Two Macedonians (Двајца Македонци).  Го сочинуваат Петар Марков Маруш - Гитара, Благој Ламњов Ламјата - кларинет. Ова е нивното  прво  видео со наслов Flamenco de Macedonia. 

Ова видео е снимено во живо, од прва рака, истовремено аудио и видео, без никакво "шминкање" и променување на снимката. Како што звучиме на ова видео исто така звучиме и во живо на концерт - велат Петар и Благој. 

Благој Ламњов е докажан музичар од кој има настапувано по светот , сега живее во Шведска. Има свирено  во Јапонија, Кина, САД, Канада и 20-тина држави низ Европа.

Петар Марков е млад џез музичар кој студира на музичката академија во Штип но повремено патува за Гетеборг, Шведска, каде што добива часови од Емил Ернебро, гитарист од светската класа на музичари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »