речник контакт

Сефте во Македонија, во Велес отворена спортска сала за деца од предучилишна возраст

Децата од Градинката „Димче Мирчев“ од Велес ја добија првата спортска сала во Македонија наменета за предшколска возраст.

Петар Печков

Децата од Градинката „Димче Мирчев“ од Велес ја добија првата спортска сала во Македонија наменета за предшколска возраст. Таа беше отворена по повод Денот на општината 9-ти Номеври. На двеста метри квадратни стотина деца од клон 4 како и 250 од возрасната група од останатите градинки, од подрачјето на Велес ќе можат секојдневно да спортуваат кошарка, фудбал и гимнастика.

- Со оваа сала покажуваме дека ги следиме потребите на децата од најмала возраст и испраќаме порака дека се трудиме да се приближиме во нивниот свет. Наместо да седат дома и играат видео игри, гледаат телевизија, сакаме од оваа возраст да им ја вгариме љубовта кон спортувањето. Наша цел е среќни и безгрижни деца, со здрав дух, деца кои ќе се соочат со предизвиците во животот – изјави Татјана Ѓоргиевска Лазаревски директорка на Детските градинки во Велес.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »