речник контакт

Си уплатувал добитни ливчиња откако натпреварите завршувале

Вработен во обложувалница си уплатил добитен тикет откако натпреварот завршил а за таа цел го исклучил компјутерскиот центар

Петар Печков

Велешанецот Д.Л. ( 27 год) полицијата го осомничи дека сторил кривично дело навлегување во компјутерски систем, за да добие 20 илјади денари.

Тој бил вработен во обложувалница Глобал-код на работно место на уплати, и на 14.12.2010 година откако претходно ја дознал лозинката на администраторот на компјутерот, по завршување на спортските натпревари го исклучил интернет кабелот со цел на главниот сервер во седиштето на фирмата да не се покаже промената на времето, по што уплатил еден талон со типови од натпревари кои веќе завршиле и за кои ги знаел резултатите.

По уплатата која била евидентирана во компјутерот со време пред почетокот на натпреварите, го отпечатил уплатниот талон, по што навлегол во компјутерот, го вратил времето и повторно го вклучил интернет кабелот. Истото го повторил и на 17.12.2010година со ново уплатена сума, односно во двата наврата си исплатил предвидена добивка од вкупно 20 000 денари.

Откако раководителот на обложувалницата од страна на централата од Скопје бил известен дека на наведените датуми имало прекин на интернет врската на компјутерот со главниот сервер,  истиот го пријавил настанот во полиција, по што бил откриено дела вработениот на овој начин уплатувал добитни ливчиња, откако натпреварите ќе бидат завршени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »