речник контакт

Сибирската Хаска Оли најубаво куче во Македонија

Велес беше домаќин на Државното првенство, каде учествуваа 150 кучиња од повеќе раси

Петар Печков

Сибирската хаска Оли, стара една година победи на Државното првенство на кучиња кое се одржа денес  во Велес. Тоа е сопственост на  скопјанецот Стефан Митревски  и победи во конкуренција на 150 кучиња кои се натпреваруваа во повеќе раси и категории.   Марко Илкановски  со кучето Дива шкотски териер доби награда за најмлад водич.

Судиите го оценуваа надворешниот изглед на кучето, држењето, одењето, главата, забалото,телото, дресурата.  На првенството имаше мноштво раси,шарпланинец, сибирски самојед, кане корсо, германски овчар кои беа интересни за посетителите и најмладите кои се фотографираа со нив.  Организатор на првенството беше Кинолошкиот клуб  ,,Велканис,, од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »