речник контакт

Сидата во Велес никој не ја ферма

За изминатите 12 месеци не е регистриран ниту еден случај на заразен, ниту носител на вирусот на АИДС во Велес. Годинава 200 велешани бесплатно се прегледале дали имаат СИДА

Петар Печков

На 1-ви декември Светскиот ден нза заштита во борбата против АИДС, од Центарот за Јавно здравје во Велес, излегоа со бројките за оваа болест во велешко.

Во изминатите 12 месеци не е регистриран ниту еден случај на заразен, ниту носител на вирусот на АИДС. И натмау остануваат во градот двајцата носители на вирус на СИДА од претходните години. Во тој период е регистриран и единствениот случај на заразен, не се прецизира пол и возраст, кој почина од АИДС.

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје се прави и бесплатен сида тест,  а оваа јавна здраствена установа има обврска годишно да направи 80 вакви бесплатни СИДА тестови. Годинава досега се направиле над 200 сида тестови.

Стапката на ХИВ-инфекции во Европа е највисока во Украина - 35,4 отсто на 100.000 жителии Естонија - 31 отсто на 100.000 жители, а потоа следат Англија (10,7 отсто на 100.000 жители), Белгија (10,3 отсто на 100.000 жители), а најниска стапка е регистрирана во Романија (0,7 отсто на 100.000 жители) и Словачка 1 отсто на 100.000 жители.

Во Централна Европа и Балканот доминантен начин за ширење на ХИВ-вирусот останува односот меѓу двајца мажи. Во Европа хетеросексуалниот контакт во пренесувањето на ХИВ-вирусот е зголемен за 16 проценти, а при сексуален контакт на маж со маж за 27 отсто, а кај лица кои примаат дрога со 17 отсто.

На стапката на заболени од сида во ЕУ во Естонија таа изнесува 2,8 отсто на 100.000 лица, во Летонија 4,3 отсто, Португалија 2,8 отсто и Шпанија 2,3 отсто. Во пораст е бројот на машки лица кои имаат контакт со лица од ист пол.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »