речник контакт

Силиконските гради како панцир!!!

Силиконот е светска работа – има безброј примени, меѓу коиј и најбитната, она кај понежниот пол... знаете за што де. Арно ама и глава може да спаси на среќните кориснички.

lj lkjl

Силиконот е светска работа – има безброј примени, меѓу кои и најбитната, она кај понежниот пол... знаете за што де.
Арно ама и глава може да спаси на среќните кориснички.

Примената на металоидот кој на земјава го има во неограничени количини е неограничена. Читајте подолу за една нова – досега непозната!

Повредена Израелка во ракетен напад на Хезболах, се спасила благодарение на своите силиконски цицки.

Ракетите од иранско потекло ги растурија надалеку прочуените израелски тенкови, таканаречени тврдини на гасеници, но ете се покажале немоќни против естетски импланти.

Портпарол на болницата Нахарја во северен Израел вели дека шрапнелот завршил во имплантите, на само неколку сантиметри од срцето на 24 годишната жена.

„Се спаси од сигурна смрт“, изјавил тој, откако жената била лекувана и отпуштена од болницата.

Најмалку 1110 луѓе во Либан и 157 Израелци се убиени од почетокот на конфликтот во Јули.

Како што е познато, во Израел служењето војска е задолжително и за женскиот дел од популацијата.

Кога би зачестиле ваквите инциденти и кога како резултат на тоа ќе се воведат силиконски гради како задолжителна опрема на израелските регрутки, ние веднаш ќе се пријавиме да служиме војска во Израел, кога веќе не мораме кај нас.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »