речник контакт

Силни мажи и длабоки звуци - Швајцарија на лето

Постојат традиции во Швајцарија кои други нации можеби ќе ги сметаат за чудни, како што се јодлање, борба на крави, и дување во алпски рогови. Но тоа не е врвот на невообичаенте народни обичаи кои алпската земја ги нуди

Петар Печков

Постојат традиции во Швајцарија кои други нации можеби ќе ги сметаат за чудни, како што се јодлање, борба на крави, и дување во алпски рогови. Но тоа не е врвот на невообичаенте народни обичаи кои алпската земја ги нуди.

Борењето наместо ѕвонењето со кравји ѕвона е летово мотото во Ементал.

Ејдгеноесише Швинг унд Алплерфест (Федералниот аплски фестивал на игри во борење) ќе се случува од 30 август до 1 септември во Бургдорф. Овој фестивал, кој се одржува на секои три години, им нуди можност на швајцарските мажи да ја мерат својата сила.

Швинген (швајцарското борење) е стара и жива традиција, вели Јорг Питер Кребс, кој раководи со канцеларијата за Швајцарски туризам во Германија.

Целта е да се притисне гребенот на рамениците или целиот грб на противникот на правливо-тревливата земја. Кога тоа ќе се случи, борбата е завршена. Борбата вообичаено трае пет минути. Судиите им доделуваат поени на двајцата борачи, а победува оној кој ќе собере повеќе поени.

Туристите можат да ја следат оваа традиција на неколку места, меѓу кои на 25 август во Кемерибоден Швингет во Шангнау, на северот од Интерлакен, но најголемиот настан се случува во Ејдгеноесише.

Уште една традиција во Швајцарија е меѓу најпознатите. Како и швинген, во неа се мери и силината на рацете кај мажите.

Мавтањето со знамиња потекнува од средновековните игри и денес се уште може да се види на многу швајцарски фолклорни фестивали. Знамињата ритмично се веат низ воздухот. Од прва ова изгледа лесно, но за тоа всушност треба многу вежбање.

Туристите имаат можност самите да се обидат да веат знамиња во Брунен, на езерото Лицерн. Таму од јуни до септември има демонстрирање на веење знамиња и дување во алпски рогови (алпхорн) секоја среда попладне, помеѓу осум и девет часот.

Дување во рог исто така често се практикува во цела Швајцарија, најчесто како и во Брунен заедно со мавтањето со знаме. Во Егевил и Ементал на пример, туристите можат да слушнат ускладен звук на дрвени инструмент, и да гледаат како истите се изработуваат.

Изработувачите на алпхорн, како што е семејството Бахман, обработуваат и стругаат парче дрво додека тоа не добие правилна форма. Потоа парчето дрво се продупчува. Туристите можат да гледаат преку рамето на мајсторот како го изработува рогот.

И на крајот, гостите добиваат можност да дувнат во својот нов алпхорн - при што во повеќето случаи воопшто не е лесно да се добие звук.

Долгиот рог е повеќе од само инструмент. Со старите времиња, рогот бил користен за комуникација од долина до долина, и од планина до долина. „Алпхорн тогаш беше нашиот мобилен телефон“, вели Јорг Питер Кребс.

 текстот е преземен од  ДПА - Хамбург

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »