речник контакт

Син и татко од Кавадарци добија 16,5 години за убиство во обид

Второ обвинетиот, таткото Радо откако ја слушна казната заврши во Болница

Петар Печков

Шеснаесет и пол години затвор  вкупно  добија синот Драган и таткото Радо Јованови од Кавадарци за убиство во обид. По изрекувањето на пресудата,  откако беа прогласени за виновни, Радо кој беше присутен во судската сала на Основен суд во Велес, падна како покосен, изгуби свест.

Набргу потоа испушташе и лоши звуци, се вкочани, без свест. Животна драма се случуваше во судницата, по што  беше повикана Брза помош. По стигнувањето,  дежурниот лекар   кој констатира дека лицето е  под влијание на алкохол,  побара веднаш да биде пренесен во Велешката болница.

Од таму дежурниот доктор во интерното   одделение  д-р Ѓоре Арсов информираше дека најверојатно од психичкиот шок, доживеал  траума и  изгубил свест. Драган (34 год)  и Радо ( 53 год)  Јованови беа обвинети за убиство во обид  над  сограѓанинот Симо Милиќ (34 год) од  Кавадарци.

Делото за кое тие се товарат се случило на 14 јули минатата година. Поради нерасчистени должничко доверителски односи, во домот на Јованови, Драган со моторна пила, која била во погон го нападнал Симо, при што му нанел повеќе рани на телото.

Подоцна во настанот се приклучил и таткото Радо, кој со тупаници го удирал Симо по телото и главата. Симо во таа борба успеал да се спаси и избега, иако имал повеќе повреди на телото.

Некако избегав, крвав  отидов во блиската продавница од каде повикав полиција и брза помош. Од борбата со нив, кога ме тегнеле, околу вратот имав трага како јамка да ме беселе, тоа од маичката што не ми давеа да избегам и ме враќаа назад во собата  - рече Милиќ во сведочењето, кој како фото модел има настапувано во спотови на повеќе македонски поп пеачки.

Обвинетиот Драго   не го порекнуваше чинот, но објаснуваше дека тоа не било така драматично, и со цел да го убие Милиќ. 

Сакав само да  го заплашам, ништо друго. Тој кога влегов со моторната пила која беше во погон, ја крена раката и се исече - изјави Драган Јованов.

За неговиот бранител  адвокат Драган Ѓоргиев во делото немало умисла за убиство, се било конструкција на оштетениот и преувеличено. До правосилноста  на пресудата Драган Јованов останува во притвор.  Според судијата во овој предмет висината на казните беше образложена дека на Драган е за дело од втор степен, бидејќи тој има претходно сторено други кривични дела и е минимална за тој дел од девет години, додека за Радо е казна од прв степен и средина 7,5 години во однос на распонот од 5 до 10 години. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »