речник контакт

Син физички нападнал мајка, згрижен е на Нервното одделение од болница

Момчето имало здравствени проблеми

Петар Печков

Понеделникот навечер регистриран е случај на семејно насилство, кога син физички ја нападнал неговата мајка. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 15.04.2024 во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Л.(21 год) од Велес, лице со здравствени проблеми, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 56-годишна мајка. По насоки на јавен обвинител, лицето било спроведено во здравствена установа“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Од велешката болница соопштија дека лицето е згрижено на Нервното одделение и таму ќе биде одреден период.

По документирање на настанот, од полицијата најавуваат дека  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »