речник контакт

Сината Џамија се изгради и во Велес

Тоа е макета изработена од Маамер Абединов

Петар Печков

Велешанецот Маамер Абединов успеа да ја изработи Сина Џамија, но како макета. И тоа со големина од еден метар квадратен по посветена работа  од четири месеци.  Така една од знаменитостите на Истанбул, Султан Ахмет џамијата сега се наоѓа во минијатурна верзија во Велес,  во домот на Абединов. 

За да ја изработам оваа макета добив инспирација од убавината на оваа џамија која е една од најимпресивните градби во светот. Шаблоните ги добив од пријател од Истанбул пред три години – вели Маамер. Првобитно  макета била така  замислена  вратите и прозорците да бидат затворени,  но тој  направил измени со тоа што ги отворил, потоа ставил мрежа и осветлување, што му создале дополнителна работа бидејќи со оваа новина  требало да дојде до израз и внатрешноста на џамијата, како и просторот помеѓу објектите. 

Јас лично сум задоволен како мое првенче. Трудот вложен во изработката се занемарува кога е завршен успешно барем за мене, а луѓето ќе дадат своја проценка. Се надевам дека повторно ќе се претставам со друга изработка, која засега останува тајна – објаснува Абединов.

Макетата на Сината Џамија е изградена од 35 листа хамер Б2 формат, 262 делови, кои се сечат, се маркираат,се лепат и составуваат, 45 светилки , 8 метри кабел и мрежа. Димензиите се должина 96 цм, широчина 60 цм и висина 55 цм.

На прашањето колку чини изработката само можам да кажам дека чини четири месеци не преспиени ноќи, многу нерви но и задоволство. Овие работи немаат цена. На прв поглед може да се каже дека е лесно за работа но кога ќе се зафати човек да ја прави ни малку не е лесно. Ова за мене претставуваше голем предизвик но и задоволство – додаде Маамер Абединов.  

Историјата запишала дека Султан Ахмет џамија се наоѓа во Истанбул Турција. Таа е позната и како Сина Џамија.  Изградена од истакнатиот архитект Седефкар Мехмед Ага кој бил ученик и асистент на најпознатиот архитект од тоа време Мимар Синан,а по нарачка на султанот Ахмед I.

 Градена е во периодот од 1609 до 1616 год. Поради своите бои сина, зелена и бела, од плочка од порцелан, во Европа исто така е позната и како „Сина џамија“ . Тоа е првата џамија во Османлиската империја, која има 6 минариња.

 Колкаво значење има овој верски објект за светската културна историја зборува и тоа што Папата Бенедикт XVI при својата посета на Турција, на 30 ноември 2006 година ја посетил Султан Ахмедовата џамија. Тоа  e само втора посета на еден папа во муслиманско светилиште. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »