речник контакт

Синоќа на автопат затекнат возач како со автомобилот мирува на брзата лента за престигнување, во крвта имал 3,53 промили алкохол

Возачот кој бил од валандовскo бил уапсен

Петар Печков

Вчеравечер, понеделник,  на автопат, кај возач од валандовско, констатиран висок промил на алкохол во крвта, по што полицијата го уапсила. Повеќе детали од информација на СВР Велес.

„Понеделникот на  30 октомври  во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45 год ) од село Јосифово, валандовско. Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот. Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што биле лишен од слобода“ - соопшти Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.  

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото интернет

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »