речник контакт

Синтезис со концерт во Стоби, за 30 години независност на Македонија

Концертот ќе се одржи пред Куќата на псалмите на 3-ти септември

Петар Печков

Групата Синтезис на 3-ти септември ќе одржат концерт на античкиот локалитет „Стоби“.

„Концертот ќе се одржи во 20ч. пред „Куќата на псалмите“,  со присуство на околу 200 гледачи, информираше“ Спасе Перовски, директор на НУ „Стоби“.   

Истиот ќе биде во рамките на одбележувањето на 30 години од независноста на Македонија. Организатор е „Баги комуникации“. 

Ова е прв пат досега во локалитетот да се организира музички концерт.  Публиката ќе има можност да ги слушне нивните најпознати композиции.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »