речник контакт

Сите 160 вакцини во Градско се потрошија

Во Дорфулија и Каратманово вакцинирани 104 лица. Утре, вторник се вакцинираат жителите на Горно Оризари

Петар Печков


 голем интерес за денешната теренска вакцинација. Во населба Градско во редици се чекало за да граѓаните бидат вакцинирани. Потрошени се сите 160 вакцини кинески „Синовак““.  

Имало и лица кои дошле подоцна па не можеле да бидат вакцинирани. Од Здравствен дом Велес најавуваат дека до крајот на неделава, ќе го посетат Градско уште еднаш, со цел да бидат задоволени  сите граѓани, кои сакат да се заштит од ковид-19.

Од утре теренската вакцинација продолжува во Општина Велес и тоа со посета на населбата Горно Оризари.

Денес заврши и теренската вакцинација во соседна Општина Лозово. И таму во двете села Дорфулија и Каратманово имало голем интерес. Вакцинирани биле 104 информираа од Здравствен дом Свети Николе.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »