речник контакт

Сите велешки цркви Св. Илија

Каде за празникот, еве ја понудата

Петар Печков

Ги има сигурно три, во Карабуниште, во Башино село и на истоимениот рид

Манастирот Свети Илија е манастирски комплекс составен од 3 цркви кој се наоѓа во близината на велешкото село Карабуниште, од десната страна на реката Вардар во Таорската Клисура. Сместен е во долот на потокот кој извира и протекува низ Карабуниште и е опкружен со  дабова и јаворова шума. Во него нема монашки живот, но има машки и женски конаци за преспивање и останати помошни простории и трпезарии во кои престојуваат посетителите за поголемите празници. Во рамките на манастирот постојат три цркви, од кои две се посветени на пророкот Свети Илија, а една на Пресвета Богородица. 

Манастирот бил изграден во 1965 година. Манастирската црква нема фрескоживопис, а е осветена од тогашниот Митрополит Повардарски г. Гаврил. На патрониот празник, Илинден, се одржува голем собор кој е посетен покрај од луѓето со потекло од Карабуниште и од верници од Велес, Скопје и околните села. Манастирот е оддалечен 10 минути пеш од железничкото стојалиште „Пчиња“ и 20 минути пеш од селото Карабуниште. На средината во дворот има  чешма со студена вода.

Св. Илија е празник на Башино село, кога масовно се посетува тамошната црква. 

На овој ден велешани одат и на манастирот Св. Илија, кој е лоциран на истоимениот рид.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »