речник контакт

Сите термини во следните десет дена за вакцинација од сезонски грип во Велес се пополнети

Започна вакцинацијата во Велeс, добиени три илјади вакцини

Петар Печков

Започна   вакцинацијата за сезонски грип, во однос на лани пет дена подоцна. Вакцината се прима во просториите на   ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес, на два пункта. На влезот, каде што беше просторијата за земање на примероци за ковид-19, која е за стари и изнемоштени лица и лица со инвалидитет и на кат за останатите пациенти.

„За територијата на Општина Велес примени се три илјади дози вакцина и исто толку за подрачјето кое го покрива Центарот за Јавно Здравје Велес, се однесува за градовите Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Свети Николе.  Овие количества се за бесплатни вакцини и Велeс доби уште 300 за комерцијална вакцина, која чини 700 денари“ - кажа инфектологот  прим. д-р. Билјана Трајкова од Центарот за јавно здрaвје.  

Ризичните групи можат сами да се пријават на страницата  вакцинација.мк. по што добиваат датум за вакцинација. Тоа се пациенти над 65 години, болни од хронични болести, деца од 5 месеци до 6 години, трудници, здравствените работници.  Сите останати пациенти кои сакаат да се вакцинираат и заштитат од сезонски грип, тоа можат да го сторат со комерцијалната вакцина.  

Интересот кај велешани   за бесплатната вакцинација  е голем. До следниот петок, 6 ноември сите термини за вакцинација се пополнети, по 60 лица на ден во терминот од 8 до 13 ч, кога се извршува вакцинација против сезонски грип.  Се однесува на истиот тип сезонски грип, како лани, бидејќи истиот вирус кружи.

И бесплатната и комерцијалната вакцина годинава се од ист производител. Тоа е  четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот „Абот“ од Холандија.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »